СДСМ објави снимки за како што рече изборниот грабеж во општина Стрмица.
– Денеска и ќе слушнат граѓаните на Струмица, лично ќе се уверат, лично од Никола Груевски и неговите неколкумина соработници, што се правеле за да ги добијат изборите. Како ги притискале граѓаните, како ги малтретирале фирмите, како се изживувале со нашите сограѓани Роми, за да ја задоволат својата пуста желба да го поразат градоначалникот Зоран Заев и да ја стават и Струмица под своја контрола, рекоа од партијата.
СДСМ објавија снимки за кои посочија како Миле Јанакиески со извесен Џоко од УЈП, по препорака на директорот на УЈП, Горан Трајковски, договара инспекции во Турското маало, што треба да направат притисок врз луѓето. Спиро Ристовски дава налог на Јанакиески за инспекции, а министерот за транспорт се фали колку успешна акција спровел во Ново село, но како и самите го признават криминалот во своите редови.
Разговор на Миле Јанакиески со соговорник
С: Ало?
МЈ: Да.
С: Ѓоко, Ѓоко е на телефон, директорот Горан ми го даде бројот.
МЈ: Да.
С: Од Управа за приходи, треба да се слушнам со Вас, ми рече директорот.
МЈ: Значи, за Циганско маало го барав…
С: Да.
МЈ:…во Струмица. Значи денес ќе влезе пазарна таму. Еден дуќан е полн со брашно до врв, а другите затвориле. Ве молам јаки инспекции таму, секој ден.
С: вака сега, јас сум од Скопје, се знаеме министре.
МЈ: Да де да.
С: Вака сега. Таму има митинг Љубе Бошковски. Да одиме со полиција, ќе излезе инцидент гарант таму.
МЈ: Кога има? Вечер има Љубе, нема денеска?
С: Вечер, вечер има митинг Љубе Бошковски. Ние поминавме, се собираат. Минатиот пат ЕС-ДЕ-ЕС имаше митинг, отидовме, откажавме.
МЈ: Ама луѓе, не ја бива таа работа. Че им дозволиме да делат…
С: Е па да одиме ние
МЈ: Појдете си вие контрола, фискални нема и затворете. Шо!?
С: Да одиме ние. Пазарна таму се или не се таму?
МЈ: Завршија пазарна.
С: Сега да влегуваме ние. Него како се вика дуќанот? Или го чекаме тој пред…
МЈ: Е слушни се со Гоце Чингаровски, е сега не ги знам, видете на лице место.
С: Готово, со Бети ќе се чуеме.
МЈ: Ајде.
С: Одма.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Спиро Ристовски
СР: Ало?
МЈ: Значи, како лоцирам проблеми.
СР: Како?
МЈ: Како лоцирам проблеми.
СР: А бе оди фати таму у Струмица, што си направил со инспекции у Струмица бе?
МЈ: Се е под контрола.
СР: Шо е под контрола? Мартин шо ми се јавуе, зошто се инспекторите на терен? Координирајте се таму. Тие твоите од листа те цинкарат.
МЈ: Со кој да се координирам? Му ебав мајката на тој од Ново село.
СР: Е па тој, на курот ми се качи на мене и на Мартин од сабајле.
МЈ: Што сака? Хххх криминал што има со нив.
СР: Е па сега ако си ги штити он криминалците…
МЈ: Спиро ни ја спуштија…
СР:…не е тоа мој проблем.
МЈ: Спиро, а бе да ти кажам што е контролата. Ни ја спуштија зелката од 10 на 4 денари, и утре сакаат да ни излезат на улица и да ни ја иструраат зелката.
СР: Ама те рабирам бе брат. Ама ти кажувам нека не праќаат поруки, нека не досаѓаат кај Мартин, кај мене.
МЈ: Му се јавив, му кажав. Тоа е идејата и сега ги притиснаа…
СР: Да му ебам мајката, шпиуни.
МЈ: …и утре нема да има штрајк, е тоа е. Знаеш што направија? Зоки оди откупен пункт, се фали 10 денари зелката, не била никогаш 10 денари. Наредниот ден откупните пунктови се затворени, денот после тоа на 4 денари ја спушта зелката. И што да му правам јас, да ги чешлам?
СР: Убаво им правиш, ајде терај.
МЈ: 100-те пензионери реши ми ги. Чао.
СР: Ајде, чао.