Вчера полицијата „подели“ 514 казни за брзо возење на територија на цела држава

Од:

Во спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден на ниво на државата санкционирани се 514 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив, 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 200 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 314 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

252 санкционирани возачи во Скопје, 110 за брзо возење

Акциска контрола во Прилеп, приведено едно лице, седум санкционирани возачи

Со ноќен радар 252 санкции за брзо возење на територија на цела држава

173 санкционирани возачи во Скопје, 71 за брзо возење