А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вардарска регата „Гемиџии“

by А1он26/06/2014 - 08:40303
Share0

Во организација на Општина Велес и Здружението на граѓани „Гемиџии“ утре во 8 часот кај Мало Мовче во Вардар ќе заплови петтата обновена или 16 Вардарска регата „Гемиџии“.

Добивај вести на вибер

Како што информира на денешната прес-конференција Игор Здравковски од ЗГ „Гемиџии“ Вардарската регата ќе трае четири дена, а учесниците ќе имаат пловидба со три преноќишта и целта низводно Вардар кај Гевгелија.

На регатата годинава ќе се приклучат и гости од Бугарија, а низводно и учесници од Кавадарци и Неготино.

– Вардар е матен, но водостојот на реката Вардар е стабилен и поволен за пловидба, потенцира Здравковски.

Себо Шаќиров од ЗГ „Гемиџии рече дека годинава ќе биде промовирана новоизградената дрвена гемија по нацртот на гемиџиите со кои по Вардар пловеле велешките трговци пред сто и повеќе години

– Новата гемија е дрвена и помала од автентичната гемија со која пловеле гемиџиите, дрвото било специјално третирано неколку месеци, а ја изработил мајстор Стевче. Гемијата ќе ја возат искусни кајакари кои досега учествувале повеќе пати на манифестацијата и имаат солидно искуство, појасни Шаќиров.

Тој воедно информира дека на регатата освен гемијата како и досега ќе се учествува со гумена чамци, ќе плови и дрвениот сплав, а учесниците ќе имаат помош и поддршка од искусните велешки кајакари.

veles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он23/01/2026 - 17:3023/01/2026 - 17:44

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски09/12/2025 - 14:55

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен