Ванковска до Османи: Гоштевање не се организира кога деца умираат во Газа

Од:

Разбрав дека господинот Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, не ме поканил на вечера/ифтар заедно со останатите, каде планира да разговараат за избор на европски претседател, вели во својата објава Билјана Ванковска еден од кандидатите за претседател на Македонија која преку својот Фејсбук профил ја прокоментира поканата на Бујар Османи на ифтар вечера за сите кандидати освен неа и Стевчо Јакимовски.

„Прво, Османи, очигледно, прави свои ,црни листи’ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска црна листа), но за мене, можеби, знае нешто што јас не го знам…Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира, бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ).

Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година, мислите, мојата емпатија и меѓународна солидарност ги упатувам кон Палестина и тешко ми е да прифатам пост и ифтари во време на геноцид. Интересно е што Османи ниту еднаш не изрази сочувство или солидарност со Палестинците. Останав јас сама со кефијата околу мене. Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат! Јас не припаѓам во тоа друштво”, пишува проф. Ванковска во својата објава.

Би можело да ве интересира

Изборен штаб на Ванковска: Денешниот изборен ден поминува мирно во фер и демократска атмосфера

Горан Наумовски

Ванковска: Нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Горан Наумовски

Денеска Ванковска ќе одговара на прашања преку Фејсбук

Ванковска: Дел од моите противкандидати не се заинтересирани ниту за сопствената кампања

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Кандидатот за претседател Билјана Ванковска ја претставува програмата во Македонска Каменица и Делчево

Горан Наумовски