ВИДЕО: „Вадете ги, да не се споменици на културата, за да правиме што сакаме“

Од:

СДСМ објави разговори за кои посочи дека се помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески, а се вклучува и Елизабета Канчевска Милевска.

Тие признават дека на многу објекти кои биле заштитени им го одзеле статусот споменици на културата, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

-Одредени фасади во градот биле споменици на култура, премиерот рекол вадете ги за да правиме што сакаме. Ние сега бараме ти да даваш дозвола, а ти да даваш треба да бидат споменици.

9. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски (се вклучува и Елизабета Канчевска Милевска)

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: А бе ти ова што рече дека може да се преправи Правилникот за фасади, Бети вика дека не може.
МЈ: Зошто?
НГ: Еве она ќе ти објасни зошто.
МЈ: Бети го прифати тоа, јас не го прифатив.
ЕКМ: Миле.
МЈ: Молам.
ЕКМ: Вака сега значи. Со менување на Правилник ништо не правиме. Значи гледај сега што е работата. Одредени фасади во градот, без разлика кои, биле споменици на култура. Премиерот рекол: Вадете ги, за да не се споменици на култура, за да ние си правиме што сакаме. Конзерваторски ги извадило, во Планот влегле дека не се споменици. Сега ние бараме, и бидејќи не се споменици, дава дозвола општина Центар. Ние сега бараме ти да даваш дозвола. За ти да даваш дозвола тие треба да бидат споменици.
МЈ: Да бе Бети, тоа го зборевме ние неќни.
ЕКМ: Е па тоа де. За да бидат споменици треба во Планот да влезат со црвено, тие сега не се во црвено. Кој ќе ни ги внесе во Планот за да ти дадеш дозвола?
МЈ: Бети кој ти рече дека мора да влезат во Планот?
ЕКМ: Како?
МЈ: Во кој закон се бара во Планот? Ако е заштитено подрачје ние издаваме, ако не е заштитено подрачје, општината издава.
ЕКМ: Ама не можеш со правилник. Што ќе ставам во правилник? Во правилник тоа не регулира. Еве го Правилникот…
МЈ: Бети во мојот закон е регулирано, ти само заштити ми ги. Не мора во ДУП да се.
ЕКМ: Мора. Провери, прашај го и овој, мора. Мора да се влезени.
МЈ: Бети, сега јас издавам одобрение, јас ќе се потпишам. Сега знам што треба, што не треба.
ЕКМ: Е па како? Како? Еве дојди на состанок да седнеме.
МЈ: Заштити ги само.
ЕКМ: Не можам да ги заштитам, мора да влезат во План. Како да ги заштитам јас?
МЈ: Ама кој ти рече дека мора да влезат во план?
ЕКМ: А бе сме ги извадиле од заштита.
МЈ: Ама добро, ставете ги во заштита.
ЕКМ: Да седнеме, да видиш дека овие кажуваат дека треба. Дај дојди утре.
МЈ: Кој бе Бети, кој? Кој кажува?
ЕКМ: И овој дечково што работеше во општина Центар, Александар…како се викаше?
МЈ: Ама што кажува Александар? Александар ти кажува за планирање.
ЕКМ: Е сега Миле дојди. Не можам јас, има и од кај мене од службите така кажуваат.
МЈ: Бети да седнеме, еве кога сакаш.
ЕКМ: Да седнеме сега. Не можам јас со тебе вака. Да седнеме и ти како што имаш служби.

10. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Молам…
НГ: Ало
МЈ: Да
НГ: Што напраи со овој што си му дал дозвола за класицизам а не е?
МЈ: На кого?
НГ: А?
МЈ: На кого?
НГ: Па за овој што ти кажувам
МЈ: Не. Не ве разбрав
НГ: Кај Соборна што си му дал дека е класицизам а не е
МЈ: Аха. Ги викнав дечкиве ги споив со него и сеа дечкиве као му помагаат за тоа за…барок стил… ги споив
НГ: Аха. И прифати тој?
МЈ: Па начелно да рече ама да не ми се вика некои трошоци, да не се милионски трошоци. Се чув и со Васе така да ја терам таа работа
НГ: Добро…
МЈ: Е така

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски