В недела Божикен ручек за 500 деца

Од:

В недела, на Божик, по 12 пат, Детската амбасада за сите деца во светот го организира традиционалниот Божикен ручек за децата од цела Македонија, соопштено e на денешната прес-конференција во Прилеп.

Според Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на оваа невладина организација в недела, на божикниот ручек ќе бидат околу 500 деца.

– Околу 500 деца од Прилеп, Скопје, Ресен, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ќе седнат на иста маса на божикниот ручек. Ќе се дружат и заедно ќе го прослават Христовото раѓање-Божик децата без родители, децата на загинати припадници на безбедносните сили, децата со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Поканети се деца од другите верски заедници: од исламската, католичката, еврејската и евангелско- методистичката заедница. Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, децата ќе добијат новогодишни пакетчиња, рече Северкоска Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона