Утврдени и други спорни содржини во повлечените учебници

Од:

Учебниците по граѓанско образование за осмо одделение и општество за 4 одделение кои се повлечени со решение на министерката за образование и наука не треба да се користат, а Комисијата која работеше на нивно разгледување утврди и други спорни содржини покрај за оние за кои беа поднесени претставки.

Ова го соопшти денеска министерката за образование и наука Рената Тренеска Дескоска на прес-конференција на која имаше отчет за првите 100 дена работа во овој ресор.

Учебниците се повлечени и учениците и наставниците не треба да ги користат во наставата, а Бирото за развој, како што рече министерката, до крајот на неделата треба на својата веб страница да објави прирачник за наставниците по кои тие ќе предаваат по овие два предмета.

– До мене стасаа информации дека биле поделени повлечените учебници и тоа е спротивно на решението што го донесов. Повторно ќе бидат испратени укажувања до сите училишта, но со посебно укажување до оние за кои имаме информации дека биле поделени учебниците, рече Тренеска-Дескоска.

Учебниците беа повлечени поради утврдени дискриминаторски содржини и стереотипи, а по поднесени претставки.

До 15 септември, како што кажа министерката, тече и рокот за пополнување на електронскиот прашалникот кој е доставен до училиштата со цел наставниците да го дадат своето мислење за квалитетот и потребата од промени на учебниците по кои предаваат.

Во однос на учебниците, министерката соопшти дека се разгледува и состојбата со печатењето учебници за потребите на учениците, бидејќи имало ситуации каде училиштатата изразиле потреба на печатење нови учебници поради поголемиот број запишаните ученици.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование