Утре резултати од второто запишување во јавните средни училишта

Од:

Во земјава во учебната 2020/2021 година во деветто одделение завршија вкупно 19.297 ученици. За целосен опфат на сите ученици со конкурсот се обезбедени доволен број нслободни места, и тоа: 25.932 на македонски наставен јазик, 8.865 на албански наставен јазик, 1.088 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик, односно вкупно 35.919 ученички места во сите јавни средни училишта во државава, соопшти Министерството за образование и наука. Второто пријавување и запишување на учениците, информираат оттаму, почна вчера, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават утре.

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 23.581 ученик од кои: 15 445 слободни места за настава на македонски, 7.280 слободни места за настава на албански, 822 слободни места за настава на турски, 32 слободни места на српски наставен јазик и две слободни места за повторувачи.

Слободни места по вид на образование за второ пријавување има: во гимназиско образование 5 945 од кои – 3 465 за ученици на македонски, 2 133 за ученици на албански, 315 за ученици на турски, 32 за ученици на српски наставен јазик; во стручно образование 17 313 слободни места од кои – 11 798 за ученици на македонски, 5 006 за ученици на албански, 507 за ученици на турски наставен јазик и две слободни места за повторувачи.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се реализираше во деновите 16, 17, 18 и 19 јуни 2020 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 19 јуни 2020 година. Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификациското тестирање се реализираше на 17 и 18 јуни 2020 година.

Квалификациското тестирање се организираше на 22 јуни 2020 година во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик), во СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик) и во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик). Училиштата СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје и СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп во кои се реализираше квалификационо тестирање, конечните ранг-листи ги објавија на 23 јуни 2020 година.

Од доставените прегледи на јавните средни училишта за бројот на пријавени и запишани ученици во првото пријавување, како и бројот на слободни места за второто пријавување, добиени се следните податоци: Во првото пријавување вкупно се пријавиле 16.994 ученици од кои: 11.665 ученици за настава на македонски, 5.012 ученици за настава на албански, 310 ученици за настава на турски, четири ученици за настава на српски јазик и тројца повторувачи.

По првото пријавување вкупно се запишале 12.622 ученици од кои: 9.517 ученици за настава на македонски, 2.936 ученици за настава на албански, 164 ученици за настава на турски, двајца ученици за настава на српски наставен јазик и тројца повторувачи.

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно: 4.741 ученик во гимназиско образование од кои – 3.609 ученици на македонски, 1.037 ученици на албански, 93 ученици на турски и двајца ученика на српски наставен јазик; 7.353 ученици во стручно образование од кои – 5.424 ученици на македонски, 1.855 ученици на албански, 71 ученик на турски наставен јазик и тројца повторувачи; 204 ученици во уметничко образование од кои – 191 ученик на македонски, 13 ученици на албански наставен јазик; 226 ученици во Спортска академија од кои – 203 ученици на македонски, 23 ученици на албански наставен јазик и 136 ученици во спортска гимназија од кои – 121 ученик на македонски и 15 ученици на албански наставен јазик.

Од Министерството информираат дека конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје; СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Град Скопје, СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје и во СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје, СУГС„Орце Николов“ Град Скопје.

Конкурсот за запишување ученици е завршен и за здравствена струка во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра, фармацевтски техничар, гинеколошко-акушерска сестра и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик; СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје, медицинска сестра на албански наставен јазик и македонски наставен јазик, забен техничар на албански наставен јазик, фармацевтски техничар на албански наставен јазик, медицински лабораториски техничар на македонски наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски јазик и албански наставен јазик; СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик и македонски наставен јазик; СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик; СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил болничар-негувател на албански наставен јазик; СОУ „Јане Сандански“ – Штип, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;СМОУ„Гостивар“-Гостивар за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СОУ„Мирко Милески“-Кичево за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ„Дрита“-Кичево за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик; СУГС„Цветан Димов“-Скопје за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик.

Завршен е и Конкурсот за запишување ученици на економско – правна и трговска струка во СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, за образовниот профил продавач – референт за продажни услуги во паралелките на албански наставен јазик и во СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил економски техничар во паралелката на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за угостителско-туристичка струка во СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, за образовните профили келнер – готвач во паралелките на македонски наставен, а завшрен е и за лични услуги во СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје, за образовниот профил фризер во паралелките на албански наставен јазик и во СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина во паралелките на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во СОУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик; СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар за електроника и телекомуникации во паралелките на македонски наставен јазик;; СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик, во СОУ „Илинден“ – Илинден за цела електротехничка струка; ССОУ„Коле Неделковски“-Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;ОСТУ„Наце Буѓони“-Куманово за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен и за шумарско- дрвопреработувачка струка во СОУГС „Георги Димитров“ – Скопје за образовниот профил техничар за мебел и ентериер во паралелката на македонски наставен јазик; а за сообраќајна струка завршен е конкурсот во СОУ„Ристе Ристески Ричко“-Прилеп за образовниот профил техничар за патен сообраќај во паралелката на македонски наставен јазик, СОУ„Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил техничар за патен сообраќај во паралелката на македонски наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за графичка струка во СОУ„Ристе Ристески Ричко“ -Прилеп за образовниот профил графички техничар во паралелката на македонски наставен јазик.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска