Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Од:

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре од 6.30 часот до 11.30 часот, поради одржување на атлетска трка, насловена како „Зегин Аеродром Ран“, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

Притоа, стартно – целната позиција на трката е од бул. „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосница со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“ до крстосница со ул. „Владимир Комаров“, на дел од ул. „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), на потегот од крстосница со бул. „Јане Сандански“ до крстосница со бул. „АСНОМ“ како и на дел од бул. „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосница со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ се до крстосница со ул. „Васко Карангелевски“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Нов протест за даноците на граѓаните кои работеле во странство, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации

Горан Наумовски

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите

Курти во Скопје, МВР најави посебен режим на сообраќај