Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре со почеток во осум часот поради одржување на атлетска трка ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Трката ќе се одвива со следната траса на движење: стартно/целна позиција на улица „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“, десно по булеварот „Гоце Делчев“ (десна коловозна лента),потоа повторно по булеварот „Илинден“ (десна коловозна лента) се до крстосница со улицата „МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.