Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре со почеток во девет часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Протестот ќе се одвива со траса на движење од улицата „Мирче Ацев“–ССМ, улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по булеварот „ВМРО“ и лево по булеварот „Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Би можело да ве интересира

Затворени улици и променети автобуски линии поради генералната проба за самитот на Обсе

Затворени за сообраќај неколку крстосници во Скопје, ќе се одржи генерална проба на вежбата „Хуманитарен одговор 2023“

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради состанокот во Процесот Брдо – Бриони

Поради натпреварот Македонија-Италија посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје