Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре со почеток во девет часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
Протестот ќе се одвива со траса на движење од улицата „Мирче Ацев“–ССМ, улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по булеварот „ВМРО“ и лево по булеварот „Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.