Утре пороен дожд и грмежи

Од:

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе ја зафатат Македонија утре попладне. Земјата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, поради што, на повеќе места времето ќе биде променливо и нестабилно.

Како што соопшти УХМР, можно е локално процесите да бидат и поинтензивни, особено во јужните и источните делови.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време, претпладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег

Пред нас е врнежлива седмица

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите

А1он

Температури до 21 степен денеска, од утре врнежливо

Променливо облачно со подолги сончеви периоди и темепратура до 19 степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд

А1он