Утре почнува полагањето државна матура

Од:

Од утре до 14 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година, за која се пријавени вкупно 16426 кандидати.

Полагањето на државната матура ќе почне утре во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10632 матуранти за македонски јазик, 5120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2070 матуранти.

Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2900 кандидати, за бизнис 4298, филозофија 3684 и за естетика 193 кандидати.

Според видот на образование, 8274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.

Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование