Утре облачно со дожд и значително постудено

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со слаб до умерен дожд и значително постудено. Ќе дува засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен повремен дожд и со повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура. Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено, а во петок ќе настапи ново наоблачување со врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Период со облачно време и дожд

Сончево со температури до 34 степени

Сончево и топло за време на продолжениот викенд

Сончево и топло со температури до 36 степени

А1он

Облачно со ветер, најави за невреме, температурите до 32 степени

Продолжува топлото време, денеска температури до 37 степени