Утре нова бомба од пред Влада

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека утре од кампот пред Влада ќе биде обелоденета нова бомба. Заев ова го изјави по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници откако новинар му постави прашање дали ќе продолжи мораториумот на бомбите.

– Нема таков мораториум. Ние само им дадовма шанса на протестните активности преку кои испраќаме сериозни пораки до домашната и до меѓународната јавноста. Претпоставувам утре ќе продолжуваме со објавувањето на бомбите – рече тој.

Од СДСМ потврдуваат дека е во план утре да се објави нова папка, но не прецизираат за кој случај конкретно. Според досегашните изјави на Заев останаа необјавени две папки, една која се однесува на убиството покрај Смилковско езеро, и друга која се однесува на затворањето на А1 телевизија.

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице