Утре дожд, од недела постудено со утрински температури под нула

Од:

Пообилни врнежи утре во попладневните часови, со услови за ретки грмежи и засилен ветер до 70 км на час, а на повисоките планини снег, најавуваат хидрометеоролозите.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, во западните и североисточните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 на литри на метар квадратен. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 70 километри на час.

Од недела, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нула.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен