Утре дожд и пониски температури

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе престанат, а во текот на денот и во попладневните часови ќе дува умерен долж Повардарието и засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а локална нестабилност повторно се очекува во петок попладне. Во среда максималната температура ќе се движи од 26 до 33 степени, а во четврток од 28 до 35.

Би можело да ве интересира

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег

Пред нас е врнежлива седмица

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите

А1он

Температури до 21 степен денеска, од утре врнежливо

Променливо облачно со подолги сончеви периоди и темепратура до 19 степени