Утре без струја делови од повеќе скопски општини

Од:

Поради закажани технички зафати утре без електрична енергија ќе останат дел одпотрошувачите во повеќе скопским општини, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје по известување на ЕВН Македонија АД.

Од 08,30 – 14,30 часот без струја ќе останат дел од улиците Гиго Михајловски, Бранислав Нушиќ, Даскал Камчев и Иван Аговски во општина Карпош, од 08,30 – 14,30 часот село Грчец во општина Сарај, од 09,00 – 12,00 часот улици 1, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.

Во периодот од 09,00 – 13,00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат и дел од ул. Козле од бр, 50-а до 54 -б како и дел од ул. Џумајска во општина Карпош, од 10,00 – 14,00 часот ул. 3 како и околните подулици од ул. 3 во Визбегово во општина Бутел, како и од 09,00 – 13,00 часот ул. Њуделхиска од бр. 1-а – 9-б и ул. Атинска од бр. 9-б – 13-б во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз