Повеќе скопски населби утре без струја

Од:

Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Мечкин Камен“ од број 31 до број 45.

Во периодот од 8:30 до 11 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Васил Главинов“ зграда број 3, а од 11 до 15 часот дел од жителите од улиците „Љубица Георгиева“, „Будимпештанска“ и „Јоаким Осоговски“.

Без снабдување со струја од 9 до 11 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Борис Трајковски“ над Стаклара, а од 13 до 15 часот дел од жителите од село Горно Соње.

Во периодот од 8:50 до 10:50 часот без струја ќе бидат корисниците од Караорман и МЗТ Пумпи, а од 10:50 до 12:50 часот аптеката „Симона“, сите во општина Гази Баба.

Без електрична енергија од 9 до 11 часот утре ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Козле“, подулица 6 околу број 9 и останатите во општина Карпош.

Од 10:30 до 11:30 часот утре без струја ќе бидат и дел од корисниците од скопското село Сопиште, над кружниот тек.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз