Утре без струја дел од жителите на Чаир, Бутел, Сопиште и Карпош

Од:

Поради технички зафати во електросистемот утре привремено без струја ќе бидат дел од корисниците во општините Чаир, Бутел, Сопиште и Карпош, соопшти Регионалниот центар за справување со кризи на град Скопје.

Утре од  9 до 13 часот ќе нема струја на улиците „Коста Абрашевиќ“, „Дижонска“, „Стојна Стефкова“ и „Сер Маркирање“ во општина Чаир, а од 6:30 9 часот  на стар Качанички пат – индустриска зона Визбегово делот кај бензинската пумпа Макпетрол, Полиестер ДЕЈ, Монико, сервис Адем, Диамед РС, Дексион и Карго Транс  во општина Бутел.

Во општина Карпош од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.„Јуриј Гагарин“ бр. 2, од 9  до 14 часот селата Елово и Цветово во општина Сопиште, од 7 до 8:15  во индустриска зона Визбегово делот кон железничка станица, Исиглас, Лекс Електрик, Макпетрол, Колид Компани, Нимет, Технодам, Голдирен, Еуродил и Делта Трнспорт  во општина Бутел, а од 9 до 13 часот дел од улиците Радобил, Нерешка и Теодосиј Синаитски  во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи