Утре без струја дел од општините Бутел, Чаир, Сарај и Сопиште

Од:

Заради технички зафати во електро-системот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел, Чаир, Сарај и Сопиште.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека утре од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Рокомија“ во општина Бутел, а од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе останат корисниците од село Горно Соње – ул.7 и ул. 9 во општинаСопиште.

Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од реонот на поликлиника „Бит Пазар“ и реонот на Саат Кула во општина Чаир, од 9:30 до 15:00 часот корисниците од село Радуша во општина Сарај, а од 12:30 до 14:00 часот корисниците од улицата 6 во Горно Соње, општина Сопиште.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја