Усвоена годишната Програма за работа на Владата: економски раст и успешни преговори со ЕУ меѓу приоритетите

Од:

Владата денеска ја усвои Програмата за работа на Владата за 2023 година, којашто е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2023 година на Владата на Република Северна Македонија содржани во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2024 година.

Тоа се: Обезбедување забрзан, одржлив и инклузивен економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните; Унапредување на енергетската транзиција, инвестирање во енергетска ефикасност и зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени; Справување со последиците од светската пандемија предизвикана од КОВИД – 19 и други кризи; Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија; Унапредување на одбранбената политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност; Обезбедување на владеење на правото и независност на правосудството; Подигнување на квалитетот на образованието достапно за сите, согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот; Професионална и ефикасна јавна администрација, поддржана со интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники;

Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени