Уставниот суд ќе утврдува дали вицепремиерите се постоечки во правниот систем

Од:

Уставниот суд е на чекор да утврди дека функцијата вицепремиер е непостоечка во правниот поредок. Политичката партија „Левица“, до Уставниот суд поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица. Судиите на 20 декември лани со мнозинство гласови ја прифатиле иницијативата на „Левица“.

„Од одредбите на Уставот и Законот за Владата, произлегува дека Владата ја сочинуваат претседател на Владата и министри и дека не постои функција потпретседател на Влада. Оттука произлегува дека со Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се утврдува коефициент за утврдување на плата за функција која не постои во Република Македонија“, пишува во образложението.

„Имајќи го предвид наведеното, произлегува дека со членот 14 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, се определува коефициент за плата на потпретседател на Владата што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија, па произлегува дека овој дел од Законот е неприменлив, поради што Судот оцени дека основано се поставува прашањето дали ваквата законска регулатива е во согласност со владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија“, пишуваат судиите во образложението на иницијтивата.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска