Уставните судии утрово едногласно се изјаснија да поведат постапка за оценување на уставноста на одлуката на самораспуштање на Собранието, според предлогот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ.
Со ова Уставниот суд ја отвори можноста, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да го свика парламентот и да ја поништи одлуката за избори на 5. јуни.
Уставниот суд утрово донесе и времена одлука со која што се запираат сите дејствија поврзани со предвремените парламентарни избори.
Конечната одлука уставните судии треба да ја донесат за една недела.
Се работи за две одлуки, по кои ќе одлучува Судот. Првата се однесува на одложеното распуштање на Парламентот, а другата на тоа што изборите од 24 април беа презакажани за 5 јуни.
Иницијативата на ДУИ за оценување на уставноста на самораспуштањето на Собранието ја изложи судијата Исмаил Дарлиштa.
Со времената мерка за запирање на сите предизборни дејствиј не му наложува директно на Трајко Вељаноски да го свика Собранието, но поради тоа што се отвора постапка и се носи ваква мерка, тој има дискреционо право да овозможи да продолжи работата на Соранието.
A.Б.