Уставен суд ја прифати претставката за Претседателот да може да помилува осудени за изборни нерегуларности

Од:

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донел одлука да поведе постапка за оценување на измените на Законот за помилување со кои, претседателот на државата, од 2009 година до сега не можеше да помилува лица осудени за кривични дела поврзани со изборни нерегуларности.

Ова е првата фаза во оценувањето на уставноста, во втората фаза која би можела да трае до еден месец, Уставниот суд може да донесе одлука за укинување на оваа одредба од Законот.На денешната седница имало долга расправа, мислењето на мнозинството уставни судии е дека треба да се поведе постапка за оценување на овој закон затоа што законодавецот ги надминал уставните овластувања и влегол во ингеренциите на Претседателот на државата. Судот тргнал од претпоставката дека тоа имплицира дека и во иднина законодавецот ќе може да ја намалува или зголемува листата на кривични дела за кои може да се добие помилување.

Иницијативата за оценување на уставноста на измените во законот од 2009 година во Уставниот суд стигнала пред десетина дена, а подносител е адвокатот Ристо Китевски. Претставката е поднесена брзо по отворањето на случајот „Титаник“. Овој предлог за рекордно брзо време дојде на днениот ред на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за Законот за банки

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за ратификацијата на Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците

Ана Ололовска

Уставен суд: Објавени се неосновани и непримерени квалификации за уставните судии

Катерина Павлова-Николовска

Одложено одлучувањето за членот 11-а од Законот за помилување

Ана Ололовска

Уставен ќе одлучува по иницијативата за членот 11-а од Законот за помилување

Ана Ололовска

Уставен суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на повеќе уредби со законска сила

Ана Ололовска

Leave a Comment

4 × 3 =