Уставниот суд со мнозинство гласови изгласал дека измените во Законот за помилување се неуставни и со тоа му даде можност на претседателот на државата да може да помилува лица осудени за изборен криминал, предофилија, злосторства пред човештвото и други тешки кривични дела, се дознава неофицијално.
За прифаќање на иницијативата на адвокатот Ристо Китевски, која експресно дојде на дневен ред на Уставниот суд минатиот месец, гласаа судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски, Никола Ивановски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојаноски.