Успешна крводарителска акција во Дебар

Од:

Во Дебар е спроведена уште една успешна крводарителска акција, во организација на дебарскиот Црвен крст. При денешниот престој на екипата на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје во дебарското средно општинско училиште „Здравко Чочковски“ да даруваат крв се јавиле 30 лица, главно ученици, а крв дарувале 29 од нив.

– Она што посебно радува е фактот што дури 15 од учениците, денеска по првпат ја даруваа драгоцената течност. Се поголем е бројот на младите кои стануваат свесни дека дадената крв спасува нечиј живот. Младите се се почести крводарители и при секоја потреба од крв, без оглед од која етничка или верска припадност се, изјави Исни Телќиу, секретар на општинската органзиација на Црвен крст.

Меѓу крводарителите, додаде, дури 90 отсто се средношколци, остнатите се граѓани.

Според Телќиу, ова е десетта по ред, од планираните дванаесет крводарителски акции за оваа година. Последните години, како што посочи, дебарската организација на Црвен крст во континуитет не само што го исполнува, туку најмалку за 10 отсто го надминува годишниот план од 744 крвни единици.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ