Условни казни за Јанакиески и членовите на комисијата кои ги купија кинеските автобуси, јавната набавка не ја спровеле правилно

Од:

Три условни казни досуди Кривичен суд за набавката на кинеските автобуси. Две години затвор ќе добијат обвинетите само доколку во наредните пет години го повторат делото. Миле Јанакиески и двајца членови на Комисијата која ја спроведувала јавната набавка признаа вина. Тие не нанеле штета на буџетот, но го прекршиле Законот за јавни набавки.

dobivaj vesti na viber

Обвинителкта Лиле Стефанова побара од судијата Осман Шабани да им одреди на обвинетите условна осуда, бидејќи специјалната превенција ја постигнала целта, а тие признале вина и по 12 години откако го сториле делото.

“Обвинетите признаа вина кое судот треба да го цени како особена олеснителна околност во смисла на одредбите од Кривичниот законик. Признавањето на вина за дејствија пред 12 години е исклучително важен морален чин кој придонесува да се заврши една постапка во брзи рокови, да се донесе пресуда која ќе има влијание во планот на генералната и специјалната превенција. Сметам дека судот при одлуката на видот и висината на кривичната санкција за сите тројца обвинети треба да ги има предвид олеснителните околности, а тоа е дека тие како вработени во МТСП, обвинетите Снежана Филиповска-Павлеска и Јулијана Јанкуловска-Атанасова како службени лица кои учествувале во постапка за јавна набавка и носеле одлука за истото имаат еднакво учество од последиците на дејствијата како и обвинетиот Миле Јанакиески кој иако имал повисока функција како министер, по дејствување во кривично правниот настан е последен. Кај Јанакиески не треба да се третира како отежителна околност неговата министерска функција. Обвинетите Снежана и Јулијана досега се неосудувани. Постапката се водеше од 2016 година, а тие ниту од тогаш до денес имаат било какво противправно дејствие и не се води постапка против нив. Дадоа доволно докази за условување на казната.

Точно е дека Јанакиески има една осудителна правосилна пресуда за која има условна осуда и точно е дека против него се водат и други постапки од кои за некои постојат и неправосилни судски пресуди со изречени затворски казни. Но токму овој момент јас како јавен обвинител за Јанакиески поврзано со денес даденото признание го ценам како исклучителна олеснителна околност.

Затоа сметам дека и за овој обвинет во целост се исполнети законските услови определени во Кривичниот закон во членот 49,50,51. Уште еднаш го замолувам судот како јавен обвинител кој во овој предмет постапува од првиот ден од отворањето на предистрагата за тројцата обвинети да изрече казна која по вид и висина ќе биде пример кога се признава вина во фаза во која сме и кога е видна специјалната превенција на самото закажување на судска постапк против обвинети лица. Судот да има предвид дека денеска работиме за кривично дело случено пред 12 години и обвинетите имале доволно време и влијаело врз нив и специјалната превенција што е еден од условите на казните, а уверена сум дека и помала пресуда ќе влијае врз специјалната превенција”, рече Стефанова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) “Кинески автобуси”: Јанакиески и останатите признаа вина, Јанушев не разбра за што го гонат па рече дека е невин

Кристијан Ландов

Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор

На денешното рочиште за „Титаник“ преслушани вкупно 117 „бомби“