Уште три пожари во земјава се водат како активни

Од:

Во моментов има три активни пожари на територијата на државата. Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ во Сарај, каде што гори неколку дена, и е префрлен и на дел од ловиштето Јасен. Со намален интензитет е пожарот кај селото Дивље во Петровец – местото Крушје, а гори и кај селото Топлица, информираат од центарот за управуванје со кризи.

Активен е пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ, и таму интервенира и хеликоптер на Армијата. Пожарот се држи под контрола, да не дојде до негово поголемо проширување.

Интервенираат и 20 припадници на Армијата, вработени во Шумското стопанств и во Националниот парк Јасен и БППЗ со тројца пожарникари со едно ПП возило.

Интензитетот на пожарот кај селата Дивље и Крушје е намален, а продолжува да гасне ШС Караџица.

Пожарот кај селото Топлица е активен кон селото Крстец и е со слаб интензитет.

До овој момент екипата на ШС Црн Бор од Прилеп се справува со гасење во нискиот дел од селото Ракле над м.в.Габо село, каде гори лисната постилка. Во високиот дел има само чадење, без пламени јазици.

Пожарот во атарот на село Слатина во Македонски Брод е локализиран, но има чадење во внатрешноста каде има екипа од пет вработени во ШС М.Брод.

Пожарот кај село Девич е локализиран, но има екипа од ШС Македонски Брод поради контрола на теренот.

Пожарот кој започна кај м.в.Бeјаз Тепе во општина Пехчево, а потоа се префрли кај селото Будинарци во Берово е локализиран. На терен се присутни 49 припадници на МВР, вработените од две шумски стопанства, беровските пожарникари, ДЗС со екипа за брз одговор со седум луѓе и теренско возило, како и тимовите од Австрија и од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава