Уште се преговара со „Мекдоналдс“

Од:

Деновиве ќе се знае дали „Мекдоналдс“ ќе остане во Македонија. „Утрински весник“ неофицијално дознава дека во последниот период течат интензивни преговори меѓу акционерите во домашната фирма „СЈ компани“, која до пред еден месец ја имаше франшизата на светскиот бренд, и „Мекдоналдс“. Од преговорите ќе зависи одлуката дали ќе има ресторани во Македонија кои понатаму ќе работат под името на овој бренд.

Седумте локали во Скопје, Тетово и Охрид беа неочекувано затворени на 14 мај. Над 200 вработени останаа дома без прецизна најава дали и кога ќе се вратат на работа.

Тие се уште се на стенд-бај и го чекаат исходот од преговорите меѓу акционерите. Иако повеќе од половина месец не работеа, тие зеле плата за минатиот месец. Им било ветено дека доколку се отворат рестораните, сите веднаш ќе се вратат на работа.

Би можело да ве интересира

„Гудис“ на местото на „Мекдоналдс“ во Македонија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Отстранети ознаките и од последниот ресторан на Мекдоналдс во земјава

Емир Латифовиќ

Утре ќе се дознае судбината на Мекдоналдс во Македонија

Емир Латифовиќ

Вработените во Мекдоналдс остануваат на работа

Емир Латифовиќ

Мекдоналдс рестораните остануваат затворени

Емир Латифовиќ

Привремено затворени рестораните на Мекдоналдс во Македонија

Ана Ололовска