Уште гори кај селата Дивље и Крушје, изгаснати пожарите кај Раовиќ, Буковиќ и Топлица

Од:

Се уште е активен пожарот кај селата Дивље и Крушје во Петровец, и се шири кон ливади со сува трева, а изгаснат е оној кај селата Раовиќ и Буковиќ, како и кај Топлица во Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот кај селата Дивље и Крушје е се уште активен и се шири кон ливади со сува трева.

Гаснење продолжува во текот на денов. Пожарот вчера навлезе во атарот на селото Џидимирци во Велес. Денеска во раните утрински часови екипа на ШС Бабуна Велес излегла на терен и констатирала дека во текот на ноќта врнело дожд и истиот е изгасен.

пожарот кај селото Раовиќ е изгаснат, т.е. не се гледа димење или оган и тоа благодарение на интервенциите во текот на вчерашниот ден и врнежите од дожд.

Интервенирале 20 припадници на Армијата, ШС Јасен со тројца вработени; НП Јасен со вработени; БППЗ со тројца пожарникари со ПП возило, и хеликоптери на Армијата.

Пожарот кај селото Топлица, поточно од селото Ракле кон Крстец е изгаснат. Интервенираат припадниците на ШС Црн Бор Прилеп, со шест вработени.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје