Уште една успешена крводарителска акција во Велес

Од:

Вкупно 135 единици крв се собрани денеска во рамки на летната акција за доброволно дарување што ја организира општинскиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузија од Скопје.

Со вчерашните 173, за два дена се собрани 308 крвни единици, информира Лилјана Пановска од Црвениот крст.

– Задоволни сме од собраните крвни единици кои ќе бидат наменети за потребите на пациентите на скопските клиники. Со ова велешките крводарители потвдија како и многупати досега, дека се меѓу најхуманите во земјава, потенцира д-р Горан Андонов од Институтот за трансфузија.

Меѓу дарителите на крв и годинава имаше такви кои првпат даруваа крв и станаа крводарители со што се вклучија во организацијата на хуманите.

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски