Уште 11 повредени во пожарот во Кочани остануваат во странски болници

Од:

Министерството за здравство попладнево информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

– Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денеска од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во странските медицински центри ќе останат на лекување уште 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани. Пациентите кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба, појаснуваат од Министерството за здравство.

Како што додаваат, специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во Општата болница во Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти, а воедно и специјалисти по физикална медицина и специјалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници.

– Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, истакнуваат оттаму.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што избувна рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени и пренесени на лекување во болниците низ државава и медицинските центри во странство.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски