Усеини: Пицеријата за мене не е дивоградба, иако според законот е

Од:

Советникот Нефи Усеини вели дека пишувањата за неговата дивоизградена пицерија кај Чинарот се политичка хајка, за да се тргне фокусот од случајот “Рекет” и Катица Јанева кој се отвори пред скоро еден месец, иако за нелегалните работи “А1он” пишуваше пред повеќе од пет месеци. Советникот бара медиумите да престанат со пишувањата, кои според него се лажни, бидејќи тој работи и храни над 2500 семејства, а спие само два часа.

“Да биде правда за сите. Да застанеме со овие медиуми, со овие лажни вести, со овие лажни медиуми, кои пишуваат само „Нефи, Нефи“. Нефи си работи од 5 наутро, до 4 навечер, со два саати спиење за да му помогне на народот и 500 вработени кои работат кај мене. Сите што зборат, немаат еден вработен, ниту платено еден придонес кон државата. Ова е политичка хајка и замолувам да сопрат. Нека не удираат по мене. Нека пишуваат за криминалот кој се прави со Катица Јанева и други рекети. Нека не се покриваат со мојата тераса.”, вели Усеини.

Совеникот и натаму тврди дека ги има сите потребни документи и дека објектот е легален. Но, според законите истиот е тврда градба, за што Усеини нема дозвола, а кон Општина Охрид не плаќа ниту закуп за локацијата.

“Немам дивоградба, ги имам сите документи, иако законот кажува дека имам дивоградба.“, рече Усеини.

Сепак, доколку се руши по ред, кога ќе се стигне до неговиот објект, советникот вели дека сам ќе го урне. Тој не ја спомена втората дивоградба, бетонската база која се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони