Управниот суд решава за листата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга

Од:

Откако Општинската изборна комисија во Струга синоќа ја одбила заедничката листа за советници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Струга, двете партии поднеле жалба до Управниот суд кој треба да се изјасни во рок од неколку часа. Образложението на Општинската изборна комисија според претседателот на ОО на СДСМ во Струга, Ристо Чушкоски која двапати гласала и со надгласување 3-2 ја одбила листата била дека во заедничката советничка листа фигурирале 13 личности кои биле дел и од претходната листа на ВМРО-ДПМНЕ која беше повлечена, односно се повторувале што наводно не било законски.

„ОИК со решение не одби во намерата да поднесеме заедничка листа, иако претходно имаше одлука на ДИК дека се повлекува листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ. Несфатливо е како ОИК кој е понизок орган да не ја потврди одлуката на повисокиот орган ДИК. Позадината на сето е ова е многу јасна. Да имаше навистина нешто спорно па да ја прифатиме ваквата нивна одлука , вака се случи голем преседан што ОИК не прифака одлука на ДИК“, вели Чушкоски.

Чушкоски за А1 рече дека во ОИК останале до рано наутро и оти не може работите да се решаваат преку телефон.

„Неможе да се решаваат работите преку телефон со сугестии преку телефон.Тие треба да работат во согласност на законот. Синоќа телефоните постојано беа активни и во функција“, рече Чушкоски.

Ситуацијата синоќа била напната поради случувањата во ОИК велат граѓани на Струга. Чушкоски вели дека нивниот ангажман бил макисмален за да не дојде до некој несакани работи, пред се како што вели поради незадоволството и револтот кај граѓаните од неприфаќањето на листата.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ