Унковски: Мафија на дело на Водно – уличка од 3 метри ќе сервисира околу 200 станови

Од:

Театарскиот режисер, Слободан Унковски, го карактеризира како „мафија на дело“ планот на властите да изградат улица низ зелениот појас на Водно, која ќе овозможи пристап до парцели во сопоственост на луѓе блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

unkovskiStatus

„Ако се урнат гаражите, ќе се исечат десетици илјади м2 шума и ќе се изгради населбата со околу 200 станови, најмалку 200 коли, што треба да ја сервисира една уличка со ширина од 3 метри. Мафија на дело. Никаков закон и никакво претходно решение не важи“, пишува тој на својот фејсбук профил.

Денеска граѓани кои протестираа на оваа улица спречија да се срушат четири гаражи за да се пробие пат до парцелите.

Граѓаните успешно го одбранија зеленилото и ги принудија да си заминат градежните инспектори и полицијата додека градежната механизација чекаше паркирана на главната улица.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e лицето кое беше пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно

Горан Наумовски

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов