Универзитетот „Св.Климент Охридски“ ќе организира трет уписен рок

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола на 15 септември ќе организира трет уписен рок за 1.566 слободни места во прв циклус на студии за академската 2014-2015 година.

Од Ректоратот информираат дека во првиот уписен рок биле запишани 1.307, а во вториот 792 кандидати за студирање на прв циклус студии или вкупно 2.099 бруцоши, што значи реализација на конкурсните квоти од 57 отсто.

Во вториот упсен рок најголем интерес кандидатите покажале за Факултетот за безбедност, Факултетот за туризам и угостителство, Правниот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски техноголии.

Во третиот уписен рок право да конкурираат имаат матурантите со положена училишна матура и завршен испит.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on