Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип опреми една училница во кавадаречката гимназија

Од:

Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип компјутерски опреми една од осумте доградени училници во гимназијата „Добри Даскалов” од Кавадарци. Професор доктор Кирил Барбареев во изјава за медиумите информираше дека настојуваат на што е можно поинтензивна соработка со средните училишта во државата.

– Универзитетот споделува дел од својата информатичка технологија, со цел подобрување на воспитно образовниот процес. Соработката подразбира и многу позачестени средби од страна на професорите од факултетите при универзитетот со средношколците од оваа гимназија. Целта е и создавање на проектни активности, со кои учениците уште во текот на своето средно образование ќе се определуваат за својата идна професија, нагласи тој.

Донирана е современа интерактивна и мултифункционална табла, која ќе можат да ја користат и ученици и наставници.

Директорката на гимназијата Невенка Поп Ангелова рече дека ова е резултат на континуирано добрата соработка со овој Универзитет, која е започната во 2010 година. Изразувајќи благодарност, таа додаде дека сево ова значи подобрување и осовременување на наставата во училиштето.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on