А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Уништена урбана опрема во градскиот парк во Делчево

by А1он22/09/2018 - 15:46248
Share0

Вандалски чин во градскиот парк кај новата црква во Делчево резултираше со искршени клупи, откорнати корпи за отпадоци, превртени детски реквизити.

Добивај вести на вибер

Како што информираа надлежните, сторителите кои најверојатно вандалскиот чин го направиле во вечерните часови не се познати, а не е позната ни причината за делото.

– Иако често вршиме контроли на терен, ваквите вандалски чинови на поединци не му носат ништо добро на општеството. Сторителите на вандалскиот чин кој најверојатно синоќа се случил во паркот кај новата црква во Делчево уништиле неколку клупи, откорнале канти за отпадоци, а згора на тоа пробале да оштетат и дел од инвентарот на детското игралиште кое се наоѓа во близина во паркот. За да се промени ваквата слика во градот, кон ваквите недозволени дејства на поединци треба поригорозно да се постапува, потенцираат од Одделението за инспекциски надзор во Делчево.

Со оглед на тоа што апелите за спречување на оштетувањата на јавниот имот не даваат резултат, од Одделението за инспекциски надзор се подготвуваат да преземат и други мерки со кои ќе се санкционираат ваквите вандалски чинови.

delcevo

Би можело да ве интересира

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он25/10/2025 - 10:10

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски06/10/2025 - 09:0706/10/2025 - 10:02

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он26/08/2025 - 15:5926/08/2025 - 16:00

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Горан Наумовски26/08/2025 - 11:54

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Горан Наумовски21/08/2025 - 14:32

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Горан Наумовски07/08/2025 - 19:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен