Улици во Бутел, Чаир, Гази Баба и Ѓорче Петров утре без струја

Од:

Поради технички зафати во електро – системот утре без електрична енергија ќе останат улици во општините Бутел, Чаир, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 10 часот и 30 минути до 11 часот и 30 минути без струја ќе биде училиштето „Живко Брајковиќ“ и дел од улиците „Наталиј Кучевишки“, „Хошимин“ и „Краишка“, а од 11:30 до 14:30 часот дел од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Никола Петров“, „Љуба Ивановиќ“, „Црвени Брегови“ и „Груица Војвода“ во општина Бутел.

Од 8:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе биде улиците „Аврам Писевски“, „156“, „159“, и „Ордан Чопела“, а од 15:30 до 16:30 часот дел од улицата „Жан Жарес“ и населбата до коњскиот клуб во Хиподром, општина Гази Баба.

Од 9:30 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат улица „Серава“ и околните улици во општина Чаир, а од 9 до 12 во Волково улиците „51“ и„52“ и Стопански Двор во општина Ѓорче Перов.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз