Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Од:

Во село Стримница, тетовско, било одземено патничко возило „фолксваген голф“, кое било оставено со клуч на бравата, информира МВР.

Според пријавата, на 26 февруари 2026 година во 22:40 часот во СВР Тетово, 78-годишниот Ќ.И. пријавил дека возилото, сопственост на друго лице, а кое тој го користел, било одземено додека било паркирано во селото.

Лицето кое го одзело возилото се упатило кон село Палатица, каде предизвикало сообраќајна незгода удирајќи во објект на маркет, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со телесни повреди се здобила 23-годишната Л.К. од село Палатица, вработена во маркетот. Повредите ѝ биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово, а причинета е и материјална штета на објектот.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и пренесено во кругот на СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски