Украина го суспендира новиот коридор за жито поради можни руски воздушни напади

Од:

Украина го суспендираше својот нов коридор за жито на Црното Море, бидејќи смета дека постои закана од руски воени авиони, соопшти денеска консултантската компанија „Барва инвест“, со седиште во Киев. „Би сакале да ве информираме за привремениот прекин на сообраќајот на бродови до и од пристаништата. Сегашната забранате на сила, но постои можност таа да биде продолжена“, објави консултантската компанија на апликацијата Telegram. .

Украинските власти не беа веднаш достапни за коментар. Консултантската фирма објави дека де факто суспензијата е на сила веќе два дена по налог на војската, која како причина ја наведе заканата од зголемена активност на руските воздухопловни сили во областа.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека им наредил на руските воени авиони кои носат ракети Кинжал да патролираат по Црното Море. Украина отвори „хуманитарен коридор“ за бродови до африканските и азиските пазари во август, за да се обиде да ја заобиколи де факто блокадата во Црното Море, откако Русија се повлече од договорот што му гарантираше на Киев безбеден поморски извоз.

Украинските власти и изворите за бродски превоз соопштија дека повеќе од 40 товарни бродови поминале низ коридорот досега и 1,5 милиони метрички тони товар ги напуштиле украинските поморски пристаништа низ коридорот. Пратките главно содржат житарки, маслодајни семиња и растителни масла.

Украинските земјоделци рекоа оваа недела дека новата рута може да овозможи извоз до 2,5 милиони тони храна месечно, речиси неутрализирајќи го влијанието на одлуката на Русија да се повлече од договорот постигнат со посредство на ОН. Првиот заменик-министер за земјоделство Тарас Висоцки во средата рече дека испораката на жито преку новиот коридор може да надмине еден милион тони во октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тензично на истокот на НАТО поради Русите: „Не зборуваме јавно за многу сценарија“

Катерина Ѓуровски

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

ВИДЕО: Страв од нова мобилизација во Русија, осум пати зголемени барањата за итна помош при иселување

Катерина Ѓуровски

Медведев одговори на новите санкции од Трамп

Катерина Ѓуровски

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме