Украдени две камери за следење на рис

Од:

Непознати сторители украле две специјални камери наменети за следење на животни поставени во подножјето на Кораб, во вредност од околу 45 илјади денари.

Украдените апарати ги поставиле биолози како дел од проект за проучување на рисот на територијата на Националниот парк „Маврово“.

Кражбата во полиција ја пријавил Ѓ.И. (34) кој бил анагажиран да ја одржува опремата. Според СВР Тетово, во периодот од 5 до 13 март, двете специјални камери биле поставени во месноста Бродечки манастир. Крадците најнапред ги оштетиле кутиите и ги одзеле камерите во кои биле монтирани.

По повеќегодишно истражување, биолозите од Македонското еколошко друштво (МЕД) успеаа да заловат три риса и да го проучат ова животно кое е ретко и заштитено со закон.

Би можело да ве интересира

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ