Украдени 30 гулаби во Долно Палчиште

Од:

Непознат сторител завчера украл 30 гулаби од дрвена куќарка во дворот на Е.Н.(22) од тетовското село Долно Палчиште.

Според пријавата на сосптвеникот штетата изнесува околу 30 илјади денари, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци од почетокот на годинава досега на поширокото тетовско подрачје биле украдени над 900 гулаби при што вкупната материјална штета се проценува  над еден милион денари.

Најчеста цел на крадците се гулаби од висококвалитетните сорти „Дунек“ и „Мелезар“. Кражбите најчесто се случувааат во ќумези што се поодалечени од куќите на нефреквентни и недоволно осветлени места и според полициската статистика кражбите зачестуваат напролет и на почетокот од есента.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он