Укинувањето на балансерот ќе биде во фази

Од:

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази. Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките заедници, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

– Денеска е првата владина седница на којашто ќе бидат разговарани некои основни прашања за функционирањето на Владата. Знам дека граѓаните имаат големи очекувања сите работи да биде направени брзо, но мислам дека за ова е потребна сеопфатна дискусија во рамки на Владата, да видиме кои се начините да не се повреди темелниот принцип на Уставот – соодветна и правична застапеност на заедниците, но во исто време прво да ја гарантираме мериторноста, ефикасноста, квалитетот, образованието и искуството на вработените, а не да го гледаме нивниот етнички предзнак, изјави Андоновски по денешната средба со новинарите.

Посочи дека бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

– Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Република Македонија. Времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото и сето тоа со почитување на темелните вредности на Уставот, потенцира Андоновски.

Би можело да ве интересира

АА: Почна укинувањето на Балансер, нека знае Мицкоски дека не се сите Албанци сервилни како ВЛЕН

ДУИ: Моноетничката Влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

Андоновски: Ќе предложиме воведување на посебни регистарски таблички за државните и општинските службени автомобили

Андоновски: МИОА уназадуваше во последните шест години поради слаби кадри предводени од СДС и ДУИ

Андоновски: Владата е директно одговорна за немањето напредок во Извештајот на ЕК

Андоновски: Ако ЈСП не ги исплати приватните превозници, долгот од скоро 2 милиони евра по судски процес ќе се зголемува

Катерина Ѓуровски