УХМР најавува локална нестабилност со дожд во попладневните часови

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 16 степени

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 16 степени

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи