Ученикот Александар Иванов освои брозен медал на Олипијада по физика во Русија

Од:

Македонски ученик освои бронзен медал на Втората европска олимпијада по физика што од 28 мај до 1 јуни се одржа на Московскиот институт за физика и технологија во Долгопрудниј.

Бронзениот медал го освои Александар Иванов, а покрај него учествуваа и учениците Мартин Ристовски и Иван Јовановски од средното училиште „Јахја Кемал“ заедно со професорите Ирина Петреска и Виктор Урумов од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Ученикот Александар Иванов досега има учествувано на две Меѓународни олимпијади по физика и две европски, освојувајќи една пофалница и еден бронзен медал на Меѓународните олимпијади по физика во 2016 и 2017 година, и со освојувањето на последниов медал во Русија станува најтрофејниот олимпиец од Македонија од областа на физиката досега, информира денеска Друштвото на физичари на Македонија.

На Олимпијадата во Русија учествуваа претставници од 23 земји со вкупно 115 ученици.

На доделувањето на медалите во паркот Зарјадје во Москва присуствуваше и македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование