Учениците од Тетово смрзнуваат

Од:

За да издржат резервите на нафта до крајот на грејната сезона, во тетовските училишта се штеди на огрев. Парното се вклучува од сабајле за првата смена, а за учениците кои се од попладне на настава, радијаторите се веќе ладни, јави Алфа.

Во Секторот за јавни дејности, велат дека штедењето е неизбежно, оти училиштата немаат доволно пари за набавка на дополнителен огрев.

Тетовските училишта имаа проблеми со огревот и пред крајот на првото полугодие. Учениците и тогаш настава следеа во недоволно затоплени простории, а во некои училишта беа скратени часовите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро