Ученици од ОУ „Никола Карев“ Кочани по втор пат наградени во Италија

Од:

На 13-от Меѓународен поетски фестивал „Замокот на Дуино“ што се одржува во Трст, Италија учениците од ОУ „Никола Карев“ од Кочани освоија специјална награда. Станува збор за светска манифестација на која учествуваат училишта и поединци од цел свет.

Од Македонија награди доби само ОУ „Никола Карев“ од Кочани, чии ученици од 31 март до 2 април ќе бидат гости на манифестацијата во дворецот на Дуино во Трст, кога и ќе им биде врачено признанието.

– Оваа година се твореше на тема „Моето наследство“ и ние со учениците одлучивме да твориме за наследствата што тие ги имаат добиено од своите баби и дедовци. Највпечатливо беше творењето на ученичката Наде Ефремова која пишуваше за најголемото наследство што сите го добиваме, а тоа е нашата земја и слободата, рече Љупка Стојменова, ментор.

Учениците од тимот Ивона Антова, Василија Коцева, Наде Ефремова, Елена Јакимова и Драгана Насева се задоволни од учеството и од специјалната награда и радосни што ќе можат да отидат по втор пат во Италија за лично да ја подигнат наградата. Ова признание за нив претставува поттик да пишуваат и творат и понатаму и да создаваат дела за паметење.

– Јас и моите четири соученички изработивме книга од сите наши литературни творби што беа на тема „Моето наследство“. Наградата ќе ни биде поттик и понатаму да пишуваме и да твориме, рече Наде Ефремова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

Учениците се претставија со изработка на своја поетска книга составена од песни на македонски, преведени на англиски јазик. Преводот на англиски јазик е на Панче Атанасов и Марија Дончева, професори по англиски јазик, а техничката изработка на книгата е на Благој Гранков.

Од училиштето се надеваат дека и оваа година патувањето на учениците и менторот во Трст ќе биде финансиски поддржано од општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование